Волфганг Порше е првиот член на алејата на славните на AutoBest

ОБЈАВЕНО НА:

За првпат во 17-годишната историја на AutoBest, жирито одлучи да стартува со нова иницијатива наречена „Алеја на славните„, посветена на иконите на автомобилскиот свет со намера да им се одаде почит на личностите кои го посветиле својот живот за развој на автомобилизмот и негова служба за подобар живот на луѓето. За да се стане член на AutoBest Алејата на славите кои го оставија својот белег во нашата историја, одлука треба да донесе жирито во Европа кое претставува 31 земја.

„Ние одлучивме да започнеме со клучната личност на автомобилската индустрија денес, д-р Волфганг Порше, кој ја посвети целата своја професионална енергија на автомобилскиот свет и кој е творител на развојот на Porsche AG и Volkswagen Group. Бројни одлуки, модели и стратегии се идеи кои произлегуваат од д-р Порше. Како пример, ако ги земеме последните турбулентни случувања во групата Volkswagen, можеме да забележиме неверојатното справување без да се направи никаква грешка или донесе погрешно мислење и покрај сите ризици за тоа. Д-р Порше секогаш е скромен, проактивен, тој гради мостови, им верува на компетентните луѓе, бара фер решенија и создава вредност не само за неговото семејство, туку и за повеќе од 630.000 вработени. Иако не го гледате често во вестите, тој е таму“, изјави Дан Варди, основач и претседател на AutoBest за време на гала манифестацијата во Салцбург.

Д-р Волфганг Порше е роден во Штутгарт на 10 мај 1943 година како најмлад син на Доротеа и Фердинанд-Фери Порше, основачот на производителот на спортски автомобили. Неговиот дедо беше брилијантен автомобилски инженер кој ја обликуваше историјата на автомобилизмот во својата штутгартска канцеларија. Д-р Волфганг Порше ги помина првите шест ипол години од својот живот во Цел ам Зее, Австрија, на имотот на неговиот дедо. Откако се врати во Штутгарт во 1950 година, д-р Порше се стекна со својата диплома и го продолжи животниот пат како металски работник. После тоа се стекна со диплома за бизнис администрација од виенскиот универзитет за економија и бизнис, а во 1973 година и со својата докторска титула во меѓународен бизнис.

На изненадување на некои од помладите генерации денес, д-р Волфганг Порше прв пат влезе во бизнисот како независен претприемач започнувајќи како извршен директор на Jamoto, генералниот увозник на мотоциклите Yamaha за Австрија. Се врати во Германија во 1976 година и работеше во Daimler-Benz AG во Штутгарт како менаџер во разни области на националната и меѓународната продажба. По смртта на неговиот татко во 1998 година беше избран за портпарол на семејството Порше.
И во приватниот живот д-р Порше подеднакво е фасцинантна личност. Таткото е на четири деца и живее во Салцбург и на семејниот имот во Цел ам Зее. Кога е во Салцбург раководи со алпска органска фарма со околу 200 млечни крави. Како страстен ловец секогаш се чувствува близок до природата. Ентузијазмот за спортските автомобили сепак е во фокусот на целиот негов живот, од раната младост. Во текот на неколку децении оформи приватна колекција на стари автомобили која содржи многу ретки Porsche возила, кои тој редовно ги вози.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK