Имаме нов рекордер – 30 пати казнет за помалку од пет месеци!

ОБЈАВЕНО НА:

Велика Британија доби нов рекордер за казни – за само пет месеци точно 30 пати е регистриран од камерите за пребрзо возење. Се работи за 25 годишниот Мариус Балан кој очигледно дека со своето BMW не ги почитува прописите.

Балан за овој релативно краток период успеа да добие најпрво шест казнени поени и казна во висина од 660 фунти, а потоа сето тоа помножено по 23 изнесува 138 казнени поени и преку 15 илјади фунти парична казна. Овој англичанец претходно веќе имал 12 поени па со вкупни 150 поени го надминал претходниот рекордер кој имал 144 поени.

За дел од прекршувањето добивал само парична казна, но поради неподмирувањето на казните од судот добил и дополнителни две илјади фунти за судски трошоци.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK