Внимание: Поскапуваат патарините во Хрватска

ОБЈАВЕНО НА:

Од сабота, 1 јули поскапуваат патарините за мотоцикли и патнички возила на автопатиштата во Хрватска со кои управува компанијата Хрватски автопатишта, и плус автопатот Риека – Загреб. Патарините ќе бидат поскапи за  околу 10 отсто и таа цена ќе се плаќа до 30 септември како дел од летната тарифа, пишуваат хрватските медуми.

Од сабота возењето по автопат со патничко возило на релација Загреб – Сплит наместо сегашните 181 куна ќе чини 199 куни (1.669 денари). Летната тарифа за релацијата Загреб – Риека чини 77 куни, односно седум повеќе од зимската тарифа. Возењето од Загреб до Осиек сега ќе чини 134 куни.

На некои делници и покрај стапувањето на сила на летната тарифа нема да има промени на цената, а некои ќе биде зголемена за повеќе од 10 отсто поради методологијата на пресметување на патарините. Според таа методологија, цената се пресметува според одалеченоста на две точки на наплата, група н авозила и единечната цена по километар.

Ако патувате за Хрватска имајте ги предвид овие работи и подгответе повеќе пари за патарина.