Во Грција на одмор од 15 јуни без тестирање за коронавирус

ОБЈАВЕНО НА:

Грчката влада го презентираше планот за туризам кој прдвидува од 15 јуни во Грција да може да се влегува преку копнените гранични премини и тоа за сите туристи од државните со добри епидемиолошки карактеристики. Се очекува токму балканските земји да може да бидат меѓу првите за кои ќе биде дозволен влез.

Планот предвидува странците нема да мора да прават тестови или да покажат негативен тест за ковид-19, ниту пак, ќе постои карантин. Грчките здравствени власти ќе ја задржат можноста да прават тестови по случаен избор за епидемиолошки да следат што се случува.

Листата на земји од кои ќе биде дозволен влез ќе се изработи во соработка со комисија од епидемиолози.

Отворањето на копнените граници е дури третата фаза од планот за рестартирање на туризмот. Од 25 мај Грција ќе дозволи возење со јахти, а од 1 јуни ќе ги отвори камповите и хотелите. Од 1 јули, Грција ќе дозволи и летови од странство кон сите аеродроми во земјата.

На туристичките дестинации ќе бидат зајакнати здравствени капацитети, ќе има посебни простории за карантин во случај да се појави позитивен случај, а туристичките објекти ќе имаат соработка со лекар,

За хотелите, автобусите и јавниот транспорт ќе има посебни здравствени протоколи, а тие ќе бидат преточени во закон кој следните денови ќе се гласа во грчкиот Парламент.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK