Suzuki го освежи Swift и за европскиот пазар – ќе биде и поскап

ОБЈАВЕНО НА:

Откако во мај годинава и официјално стартуваше производството на освежениот Suzuki Swift за азијскиот пазар, јапонскиот производител го претстави подновениот Swift и за Европа.

Овој модел ги добива истите новитети како и оној кој во моментов се произведува во јапонската фабрика на Suzuki.

Тоа значи дека актуелната генерација која е претставена уште во 2017 година добива подновена предна решетка, подновен преден и заден браник, а во понудата купувачите сега имаат можност да бираат помеѓу две нови бои, нијанса на портокалова и жолта боја. Тука е и двобојната комбинација.

Suzuki Swift

Новост доаѓа и под хаубата. Станува збор за подновениот 1,2 литарски DualJet бензински мотор со 83 КС наместо досегашниот од 90 КС, кој воедно е и поекономичен од сегашниот.

Во Германија почетната цена на овој подновен модел изнесува 16.230 евра што е за околу 1.500 повеќе од постоечкиот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK