Слабо се продава: Skoda не планира наследник за Citigo

ОБЈАВЕНО НА:

Се поголемата експанзија на СУВ модели ги насочува сите компании да размислуваат на развој на вакви возила што секако подобро се продаваат. А оние чија продажба е мала и се намалува постојано, заминуваат или ќе заминат во историјата. Едно од тие возила за кои засега не е планиран наследник е Skoda Citigo.

Oва значи дека неизвесно е, а можеби и нема да се појави ниту електричната верзија на Citigo, планиран за 2019 година. Во визијата на Skoda го нема ниту пикап моделот планиран за Асвтралија и Јужна Африка, а што требаше да се заснова на VW Amarok.

Skoda повеќе се посветува на СУВ моделите, па по промоцијата на Karoq, се размислува и на уште еден СУВ, и тоа во B сегментот, базиран на Fabia.
Исто така се работи на освежување на Superb што треба да се случи во 2019, и да добие и плаг ин верзија, како и целосно електричното возило планирано за 2020 година, направено на VW MEB платформата (сериска верзија на Vision E concept)