Ford Bronco во производство кон крајот на овој месец

ОБЈАВЕНО НА:

Откако премиерата на продукциската верзија се одложување три пати, а почетокот на производството два пати, американскиот производител Ford наводно донесол одлука за датумот на официјалниост старт на производството на Bronco.

Се работи за 29 март годинава кога во фабриката во Вејн, Мичиген, и официјално ќе започне производството на долгоочекуваниот кросовер чиј дизајн е дело на Пол Раит, Роберт Геларди и Даниел Кангас.

За потсетување, новиот Bronco беше претставен во три основни верзии: на купе со две и четири врати, како и покомпактна верзија на Bronco Sport, при што Ford објави дека сите три варијанти ќе понудат оптимално управување како на стандардни така и на теренски површини.

Основната верзија ќе биде достапна со 2,7 литарски EcoBoost V6 мотор со 310 КС и 2,3 литарски EcoBoost мотор со 270 КС. Spord верзијата доаѓа со дволитарски EcoBoost со 245 КС и 1,5 литарски EcoBoost со 181 коњски сили, во комбинација со осумстепен автоматски менувач.

До почетокот на јануари на адресата на американскиот производител пристигнаа над 250 илјади резервации со што се исполнети предусловите за нов бестселер.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK