Најчудното Ferrari ќе се најде на аукција

ОБЈАВЕНО НА:

Аукциската куќа Sotheby’s има уникатен протип од базата на Ferari, a се работи за моделот Ferrari 328 GTS Conciso. Истиот ќе се најде на аукција во Монако.

Автомобилот е направн во 1989 година од страна на германското дизајнерско студио Bernd Michalak и е единствен примерок

Автомобилот има невообичаена каросерија “баркета” со широки предни браници од необоена пластмаса во која се интегрирани и фаровите. Недостигаат кров и врати, а во внатрешноста има место за две кациги.

328 GTS Conciso е опремен со 3,2 литарски V8 мотор со моќност од 274 коњски сили и 304 Hм, а има и петостепен менувач. Благодарение на каросеријата, баркетата забрзува од 0 до 100 км/ч за 5 секунди спрема 6,4 за серискиот модел и крева до 278 км /ч.

Michalak 328 GTS Conciso првпат е покажан пред публика на саемот во Франкфурт во 1993 година. Една година подоцна автомобилот ја освои втората награда на конкурсот Eurosign Design Awards.