Кој автомобил е првиот добитник на наградата “Европски автомобил на годината”?

ОБЈАВЕНО НА:

Наградата “Европски автомобил на годината” или скратено “Автомобил на годината” е најпрестижната награда која се доделува во сферата на автомобилизмот. Истата за прв пат е доделена во 1964 година од страна на стручно жири од Шпанија, Италија, Холандија, Велика Британија, Шведска, Франција и Германија.

Но дали знаете кој автомобил е првиот добитник на оваа награда?

Тоа е Rover 2000 кој со 76 поени заврши на првата позиција пред Mercedes 600 кој освои 64 поени и Hillman Imp со 31 поен на третата позиција.

Овој автомобил во производство се појави во 1963 година во Англија, а четири години подоцна започна да се произведува и во Нов Зеланд и Јужна Африка. За дизајнот и развојот најзаслужни беа Спен Кинг, Гордон Башфорд и Дејвид Бач.

Во понудата во Британија овој модел беше достапен со 2,0 литарски и 2,2 литарски I4 OHC мотор како и најмоќниот во понудата, 3,5 литарски V8 OHV мотор.

Во производство се задржува се до 1977 година кога неговото место во понудата на Rover го зазема моделот SD1.

Во Македонија, Националниот Избор на Автомобил на годината постои веќе 25 години. Победник на првиот избор е Fiat Bravo/Brava за 1996 година, а последниот победник е Opel Corsa za 2020 godina.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK