BMW и Fossil соработуваат за производство на паметни часовници

ОБЈАВЕНО НА:

Американската компанија за производство на часовници Fossil и германскиот производител на автомобили BMW започнуваат соработка. Како што потврдуваат од двете компании, Fossil ќе дизајнира, произведува и продава брендирани BMW паметни часовници.

Првата колекција на брендирани BMW часовници ќе се појави следната година, а според договорот истите ќе се продаваат до 2023 година на повеќе од 4 илјади малопродажни канали на BMW како и преку глобалната продажна мрежа на Fossil.

“BMW е еден од најпознатите иконски брендови во светот. Со нетрпение очекуваме да ги усовршиме нашите експерти за дизајн на часовници за BMW ентузијаситте ширум светот” изјави извршниот директор на Fossili, Коста Картошиќ.

Една од причините зошто BMW ја избра оваа американска компанија е и континуираниот раст на продажбата, а минатата деловна година акциите на оваа компанија забележаа раст за повеќе од 215% што само по себе кажува за успешноста и растот на оваа компанија.

Засега нема точна информација околу продажната цена како и карактеристиките на овие часовници и се очекува повеќе информации да бидат презентирани во наредниот период во пресрет на официјалната премиера на истите тие часовници.