Конечно претставена новата Yamaha R7

По долгите најави Yamaha конечно ја претстави новата R7. Новиот мотоцикл доаѓа со паралелен твин мотор со 689 кубика кој ќе се позиционира помеѓу моделите R3 и R1. Се базира на MT-07 платформата благодарение на која овој мотоцикл има подобар дизајн, значително е подобрена економичноста и брзинските перформанси. а тежината изнесува 188 кг што е за 3,6 кг повеќе од MT-07.

При тоа јапонскиот производител со гордост најави дека овој модел има најтенок оклоп од сите преостанати мотоцикли од R серијата. Оваа јапонска машина располага со агрегат кој продуцира 72 КС и 66 Nm обртни моменти што е помалку од она што се очекуваше.

Од останатото, овој мотоцикл доаѓа со нови виљушки, подобрени задни амортизери, нови предни сопирачки, Brembo главен цилиндар и 298 милиметарски предни дискови.