Полицијата „лови“ безмилосно – казнети 325 возачи во Скопје за 24 часа

ОБЈАВЕНО НА:

Најмногу казни се напишани за погрешно паркирање - 152, и за пречекорување на брзината - 128.

Внимавајте на сообраќајните прописи, бидејќи доколку решите „малку“ да ги прекршите може да бидете санкционирани. Полицијата последниве денови има засилени контроли на улиците, не само во Скопје туку и низ целата земја. Но, бројките на казнети во Скопје постојано се зголемува.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден, 22 септември продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 325 санкции.

Меѓу оние што биле казнети за возење без возачка дозвола биле санкционирани 18 лица, за пречекорување на дозволената брзина на движење – 128 прекршоци, технички неисправни и нерегистрирани возила 11, биле санкционирани 9 мотоциклисти, 78 мерки за непрописно паркирани возила и 74 возила подигнати со пајак (вкупно 152), а изречени се и 36 санкции за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот

Следете не и на:

24AUTO NETWORK