Nissan со видео ја најави премиерата на електричната Ariya (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Во пресрет на премиерата која е закажана за 15 јули, Nissan објави тизер видео за електричниот кросовер Ariya. Во 40 секундното видео не може јасно да се утврди изгледот, но голема е веројатноста истиот да биде согласно последните рендери.

Од претходно е познато дека овој кросовер кој беше претставен на саемот во Токио минатата година како концепт возило, е со должина од 4.600 мм, ширина 1.920 мм и висина 1.630 мм.

Засега не е позната мотористиката, но со сигурнсот ќе ги има истите електрични мотори како и останатите модели од Renault-Nissan-Mitsubishi Алијансата.

Повеќе официјални детали ќе бидат откриени за време на промоцијата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK