КОИ СЕ КРАЛЕВИ НА ПРОФИТАБИЛНОСТА: Имаат маржи од продажба од 20 до 30 отсто

ОБЈАВЕНО НА:

Едно е да продавате автомобили и да сте на врвот на листите според обем, а друго е да заработите пари од продажба на автомобили. Да се биде популарен не мора да значи заработка, а тоа многу добро го знаат два бренда во автомобилската индустрија.
Ferrari и Porsche, две од најпознатите брендови, забележаа највисоки маржи во 2023 година и покрај тоа што беа на дното на скалата според волуменот на произведени возила.

Најновата анализа на финансиските резултати објавени од повеќето западни производители на автомобили (оние во Европа, САД, Јапонија и Кореја) и два кинески укажува дека индустријата имала многу добра година во однос на приходите и профитот. Податоците собрани покажуваат дека приходите (т.е. парите заработени од продажба на автомобили и други активности) се зголемиле за 11% на 2,25 трилиони евра.

Зголемувањето на приходите не се должи главно на зголемувањето на бројот на продадени единици (+9%), туку на зголемувањето на цената на автомобилите. Групацијата Volkswagen, Toyota и Stellantis забележаа најголеми приходи, со зголемување од 15%, 11% и 6%, соодветно. Всушност, сите 24 производители на автомобили во секторот забележаа зголемување, освен Isuzu, чии приходи останаа стабилни.

Во 2023 година сите заедно оствариле 187,8 милијарди евра оперативен профит. Оваа сума е зголемена за 18 проценти во однос на 2022 година, кога истите компании забележале добивка од вкупно 159,4 милијарди евра. Зголемувањето е многу повисоко од растот на продажбата, што значи дека индустриската маржа се зголеми од 7,8 проценти во 2022 година на 8,4 проценти во 2023 година.

Лидер по заработка во однос на приходите и натаму е Ferrari. Италијанската компанија не е само репер за спортски автомобили, туку и еден вид „машина за печатење пари“. Во 2023 година, Ferrari испорача 13.663 суперавтомобили и оствари вкупна продажба од 5,97 милијарди евра, а оперативниот профит на беше 1,61 милијарди евра, што претставува 2 отсто од вкупната продажба. Ова е огромна оперативна маржа во споредба со просекот во индустријата. Ниту еден друг производител на автомобили не е блиску до овие резултати.

Втор е Porsche со продажба од 40,53 милијарди евра со добивка од 7,28 милијарди. Нивната оперативна маржа беше 18 проценти. На третото место е BMW Group со оперативна маржа од 11,9 отсто, а подеднакво добро и оди на Stellantis со маржа од 11,8 отсто. Kia, групацијата Mercedes-Benz и Toyota исто така се над 11 проценти.

Со маржа од 7 отсто, концернот Фолксваген е малку под просекот во индустријата, а единствената марка која лани работеше со загуба беше Астон Мартин со минус од 6,8 отсто.

Подолу е листа на оперативни маржи на големите светски производители кои беа вклучени во ова истражување.

Ferrari 27 %
Porsche 18 %
BMW Grоup 11,9 %
Stellantis 11,8 %
Kia 11,6 %
Mercedes Benz Group 11,4 %
Toyota 11,1 %
Jaguar Land Rover 11 %
Subaru 9,5 %
Hyundai 9,3 %

Tesla 9,2 %
Isuzu 9,1 %
Suzuki 8,5 %
Mitsubishi 7,2 %
Volkswagen Group 7 %
BYD 6,3 %
Honda 5,8 %
GM 5,4 %
Volvo 5 %
Mazda 5 %
Renault 4,7 %
Nissan 4,6 %
Ford 3,1 %
Great Wall 1,6 %
Aston Martin – 6,8 %

Следете не и на:

24AUTO NETWORK