Megane RS Trophy пристигнува во февруари

ОБЈАВЕНО НА:

Во февруари следната година и официјално е потврдено доаѓањето на Trophy изведбата на Renault Megane RS.

Trophy изведбата ќе биде најмоќниот Megane во RS издание. Така, во однос на основната RS изведба која располага со 280 КС, Trophy изведбата ќе има 20 КС повеќе односно вкупната коњажа ќе се искачи на 300 и 420 N,.

Во понудата овој мотор доаѓа со 6 степен мануелен и 6 степен EDC автоматски менувач. Максималната брзина која може да ја достигне изнесува 260 км/ч, а до 100ка забрзува за 5.7 секунди.

За клиентите кои ќе бараат најмногу, од Renault имаат предвидено можност за порачка на нова генерација на предни спортски седишта Recaro, кои се тапацирани со Alcantara, а сите корисници ќе можат да сметаат на работата на системот Multi-Sense за избор на режими на однесување на патот на возилото, R.S. Vision, системот R.S. Monitor за собирање на податоци и друго.

Во однос на ентериерот не се очекуваат други дополнителни промени во однос на основната изведба.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK