Продажба: Италија и Шпанија со пад – во Франција благ пораст

ОБЈАВЕНО НА:

Полека се сумираат продажните перформанси на национално ниво во Европа. Три од најголемите пет автомобилски пазари ги објавија резултатите за изминатиот месец. Шпанија и Италија и понатаму не можат да се пофалат со позитивен резутат, а Франција конечно успеа да се опорави по неколкуте месеци континуиран пад.

Така во Франција во февруари е забележаа продажба од 172.438 нови автомобили што претставува пораст од 2,1% споредбено со истиот месец минатата година. Двигатели на оваа продажба се Volvo, Opel, Citroen и DS кои забележаа најголем процентуален пораст.

Во Шпанија е забележан пад од 8,8%. Така во оваа земја под притисок на политичката нестабилност изминатиот месец е забележана продажба од 100.701 ново возило. Голем пад забележа и продажбата на автомобилите со дизелски агрегати бележејќи пад од 29,9%. Со исклучок на Peugeot и Seat речиси сите останати брендови забележаа пад на продажбата на нови автомобили.

За разлика од Шпанија во Италија е забележан поблаг пад на продажбата од само 2,4% односно во февруари годинава се продадени 177.825 нови автомобили. И во Италија слично како и во Шпанија зголемување на продажбата забележа PSA Групацијата додека речиси сите останати производители забележаа процентуален пад.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK