Дали вака ќе изгледа новото Punto?

ОБЈАВЕНО НА:

Нешто повеќе од две години Fiat е без вистински претставник во субкомпактниот Б сегмент откако на почетокот на 2018 година се заврши со производство на моделот Punto.

Некогаш најпродаваниот модел на Fiat се уште е без наследник на европскиот пазар. Во меѓувреме на интернет се појавија неколку рендери, а последниот доаѓа од INDAV Design.

Од рендерот може да се заклучи дека новото Punto ќе биде инспирирано од моделот Tipo, особено во предниот дел, светлата и маската. Во поглед на димензиите, овој модел би требало да ја има истата должина, но со малку поголема висина и потесна ширина.

Инаку овој модел се произведуваше без прекин во периодот од 1993 до 2018 година освојувајќи ја при тоа и наградата за најдобар европски автомобил.

Засега нема информации кога FCA официјално ќе го лансира овој автомобил иако некои сметаат дека тоа ќе биде следната година откако ќе се официјализира спојувањето на FCA со PSA.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK