Потрошил 150.000 евра од Mercedes G500 да направи снежен ѕвер за офроуд возење (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Кога имаш пари и сакаш да бидеш различен од другите и притоа со автомобилот да се биде неприкосновен на снежните офроунд патеки тогаш се е лесно. Швајцарец им го дал својот автомобил на CapricornTrucks и delta4x4, и тие инсталирале „гасеници“ на неговиот Mercedes-Benz G 500.

Новиот снежен ѕвер им битурбо бензински мотор 4.0 литри V8 со моќност од 421 КС. Така овој германски SUV Mercedes-Benz G-Class го зголеми клиренсот за 20 см. Гасениците се изработени од гума засилена со влакна и се погодни за експлоатација до -40 степени.

Целиот модул на едно тркало, со шини и дополнителни механизми, има маса од 170 kg, што значи 680 kg повеќе, минус масата на оригиналните тркала. Максималната брзина е ограничена на 65 km/h.

Големата контактна површина (патека), која е предност на сите вакви возила му овозможува на автомобилот добро да ги совладува снежните и ледени површини и да се искачува под голем агол.

За да може автомобилот да биде подготвен за овие пустоловини по снежните алпи сопственикот потрошил 150.000 евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK