Ford Fiesta ќе има SUV изведбата од следната година

ОБЈАВЕНО НА:

Уште минатата година Ford објави дека нема повеќе да го произведува моделот EcoSport во својата романска фабрика. Тоа отвори простор за нов модел во сегментот на мали SUV модели.

Додека се шпекулираше кој ќе биде моделот што ќе го наследи него, на интернет се појави фотографија од маскиран автомобил кој според димензиите ќе биде новиот претставник на американскиот производител во овој сегмент.

Гледано според надворешниот изглед, станува збор за SUV изведбата на Ford Fiesta со додавка Active која на европскиот пазар ќе дојде следната година, пишуваат британските авто магазини.

Иако нема потврдна информација, сепак Fiesta Active доаѓа со истиот екстериерен и ентериерен изглед, а во понудата ќе бидат понудени и истите мотори како и кај стандардната изведба.

Mazda CX-3, Hyundai Kona и Kia Stonic ќе бидат примарните конкуренти, па оттука и цената се очекува да биде во рамките на конкуренцијата.