И Toyota ги намали цените на EV автомобилите

ОБЈАВЕНО НА:

Во октомври, Toyota Motor започна со продажба на својот прв глобален електричен автомобил, bZ4X, во Кина, иако претходно на локалните клиенти им понуди електричен кросовер базиран на C-HR. По јануарското намалување на цената на Tesla, многу локални ривали го следеа примерот, а Toyota немаше друг избор освен да ја намали цената на bZ4X на 24.800 долари за основната верзија со погон на предните тркала. Ова е за 15% помалку од цената на автомобилот во октомври.

Како што пренесува CarNewsChina, цената на кросоверите Toyota bZ4X на кинескиот пазар падна за 15% . Основната верзија на електричниот автомобил поевтини за 4.300 долари и сега може да се купи во Кина за 24.800 долари по сегашниот курс.

За овие пари купувачот ќе добие автомобил со погон на предните тркала и батерија со капацитет од 50,3 kWh. Севкупно, bZ4X е достапен во четири верзии, од кои две се со погон на четири тркала, а попрефинетата конфигурација со капацитет на батерија од 66,7 kWh сега чини 37.600 долари.

Од октомври минатата година до јануари оваа година, Toyota успеа да продаде 3.844 електрични автомобили од овој модел во Кина, што одговара на само 0,26% од локалниот пазар на електрични автомобили. Тоа не го спречи bZ4X да стане најпопуларниот јапонски електричен автомобил во Кина во последниот квартал.

Минатата година, јапонските брендови заедно успеаја да продадат вкупно 14.995 електрични автомобили во Кина, заземајќи пазарен удел од само 0,35%. Генерално, производите на јапонските компании заземаат 19% од домашниот пазар на автомобили, но напредокот кај електричните автомобили е бавен.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK