Повредени во сообраќајкa го тужат Apple

ОБЈАВЕНО НА:

Apple може да се сочи со судска постапка во Калифорнија бидејќи нема технолгија со која им оневозможува на корисниците на iPhone да праќаат пораки додека возат.

Подносител на тужбата на Врховниот суд во Лос Анџелес е Џулио Кејла, кој бил повреден додека друг друг возач користел iPhone. Во тужбата се тврди дека компанијата има технологија што може да спречи некој додека вози да испраќа пораки. Истовремено се бара од Apple да ја прекине продажбата на сите iPhone модели и да инсталира софтвер.

Според пишувањето на некои медиуми Apple имале патентирано технологија која може да го блокира користењето на телефоните ако софтверот утврди дека се наоѓате зад управувачот. Apple го поднеле барањето за патент уште во 2008 година, а во тужбата се вели дека намерно не се користи технологијата заради правење на високи профити.

Пред две недели Apple исто така се соочи со тужба, во која се тврди дека компанијата не инсталирала софтвер што им бил достапен уште од 2008 година, за рестрикција на користењ ена FaceTime од страна на возачите.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK