Ова се земјите со најмалку автомобили во светот

ОБЈАВЕНО НА:

Секојдневно се објавуваат најразлични статистики и вести за тоа во кои земји има најмногу автомобили, кои земји се најголемите производители и извозници на автомобили итн. Но, дали знаете во кои земји има најмалку автомобили?

Според последните статистики, најмалку автомобили по глава на жител има во земјите од Африка каде најголем дел од земјите имаат помалку од 100 автомобили на 1.000 жители. На 188. место во светот според бројот на автомобили на 1.000 жители со дури 4 автомобили се наоѓа Лесото, земја која се наоѓа во јужниот дел на Африка.

Едно место подоле, односно на 189. позиција со исто толку автомобили се наоѓа Бангладеш, земја од Азија во која вкупно има само 620 илјади автомобили иако е една од најнаселените земји.

Со по три автомобили на 1.000 жители, на 190. и 191. позиција се наоѓаат Сомалија (Африка) и Соломонските Острови (Пацифик).

Со само два автомобили на 1.000 жители, на последната позиција се Сао Томе и Принсипе, земја која според последните статистики важи за земја со најмалку автомобили по глава на жител.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK