Светски рекорд на парада на автономни возила (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Кинескиот производител на автомобили Changan со 55 кросовер возила постави светски рекорд за најдолго возење на колона на автономни возила на тестниот полигон Данжан. Постигнувањето беше направено уште на 28 ноември 2018 година, но сега беше признаено од Гинис откако беа извршени сите инспекции.

Колоната од автономни возила самостојно ја мина планираната маршрута од 3,2 километри за време од 9 минути и 7 секунди. Во секој автомобил имало водич како што обврзува законот, но тие немале пристап до системите за автономно управување.

Учествувале вкупно 56 возила, но по проверките едното возило било дисквалификувано бидејќи било утврдено дека личноста внатре сепак во еден момент ја презело контролата, што не било дозволено.

Од Changan коментираат дека вештачкиот интелект е исклучително важен тренд во развојот на автомобилската индустрија. По рекорд, компанијата планира да ги удвои своите напори за развој на автономни технологи.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK