Peugeot 208 е автомобилот на годината во Европа за 2020 година

ОБЈАВЕНО НА:

Францускиот модел Peugeot 208 ја освои наградата „Автомобил на годината во Европа за 2020“ речи европското жири составено од 60 екпсрети од 23 земји. Во конкуренција во финалето беа уште: BMW 1, Ford Puma, Porsche Taycan, Renault Clio, Tesla Model и Toyota Corolla.

Планирано беше прогласувањето на победникот да се случи на 3 март, но откако беше одложен саемот во Женева победникот беше објавен од страна на жирито онлајн. Изборот во Европа се врши од 1963 година.

Во финалето малиот Peugeot 208 освои 281 бод и 17 поединечни први места од жирито. На второто место со 242 бода се најде Tesla Model 3, а на третото место на подиумот се искачи Porsche Taycan со 222 бода.
Понатаму Renault Clio освои 211 бода, Ford Puma (209), Toyota Corolla 152 и BMW 1 (133 бода).

Во јануари моделот Peugeot 208 ја имаше својата промоција во Македонија

Следете не и на:

24AUTO NETWORK