BMW победи во битката на луксузни производители

ОБЈАВЕНО НА:

BMW е победникот за 2020 година кога е во прашање популарноста која произлегува од продажбата на возила во САД.

Според официјалните податоци, во сегментот на луксузни возила, иако беше остварен пад, BMW ја освои првата позиција со продадени 278.732 нови возила.

На втората позиција, германскиот производител го остави Lexus кој оствари продажба на 275.041 возила што е за 7,7% пад во однос на цела 2019 година. Со само 125 возила помалку, на третата позиција се најде Mercedes-Benz кој оствари продажба од 274.916 возила што претставува пад од точно 13% во однос на 2019 година. Сепак треба да се напомене дека во оваа бројка не се вклучени комерцијалните возила.

Audi се најде на четвртата позиција со продажба на 186.620 возила додека во топ 5 луксузни производители место има и за Acura која испорача 136.983 нови возила.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK