Заштитниот ремен кој спаси милион човечки животи (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Во текот на 50-тите години на минатиот век националната енергетска компанија на Шведска – Vattenfall се соочила со сериозен проблем. Голем број од вработените загинуваат или заработуваат повреди при сообраќајни несреќи со автомобили. Затоа на двајца од инженерите во компанијата им е поставена задача за да се погрижат автомобилите да станат побезбедни. Таа улога ја добиле Бенгт Оделгард и Пер-Олоф Веман, а нивната работа на крајот го носи ременот со три точки од Volvo.

Базирајќи се на истражувањата во американските воедно-воздушни сили, Оделгард и Веман доаѓаат до заклучок дека е подобро да има дијагонален ремен околку само единечен. Затоа во 1956 година Vattenfall почнува да ги опремува автомобилите на своите вработени со ремен од две точки за градите и речиси после ова шефот на Volvo, Гунар Енгелау почнува да пројавува интерес за новитетот.

Енгелау го начзначува поранешниот авијациски инженер, Нилс Болин за прв шеф за безбедност на Volvo во 1958 година. Болин ја доразвива идејата на Vattenfall и го измислува заштитниот ремен со три точки со кој и денес се снабдени автомобилите. На практика тој го обединува во едно тогашниот ремен со дијагоналниот на Оделгард и Веман.

Новиот ремен е претставен првпат од Volvo во 1959 година во моделите PV544 и Amazon. Тоа коешто Volvo продолжува да го прави после ова е навистина импресивно. Незавнисно што го има патентот за новиот заштитен ремен, Volvo им дозволува слободно да го користат дизајнот знаејќи дека така ќе бидат спасени голем број на животи.

Во 2009 година едно истражување на Volvo покажува дека заштитниот ремен со три точки за пола век спасил милион човечки животи.