Ѕверот од 15 милиони долари со кој ќе се вози претседателот на САД, Доналд Трамп (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп на 20 јануари ќе ја има инаугурацијата кога и официјално ќе ја преземе функцијата од досегашниот претседател Барак Обама.

Со промоцијата на Доналд Трамп ќе биде првпат користено и новото возило со кое претседателот ќе се вози – Cadillac One. Медиумите го нарекуваат „ѕвер“ поради опремата што ја содржи и отпорноста на различни оружја.

Истиот автомобил го користел и Барак Обама, но сега Доналд Трамп нарачал подобрување на надворешниот дел. Автомобилот е направен од GM и биле платени 15 милиони долари.

Вратите и прозорците се отпорни на куршуми, а целото возило е отпорно на биолошки и хемиски напад. Долниот дел на автомобилот може да поднесе експлозија на бомба на пат. Опремено е со повеќе видови на оружја, пушки, солзавци и гасни топови.

Прозорите неможе да се отворат, освен на страната на возачот, и тоа само до седум сантиметри за да може да разговара со тајните агенти.

Во возилото има боци со кислород, потоа резерви на крв од крвна група на претседателот, и опрема за гасење пожар. На местото каде што седи претседателот е вграден сателитски телефон што е директно поврзан со потпретседателот и Пентагон.

Постојат и посебни камери за ноќно возење, а тркалата се посебно направени да може да се вози дури иако пукне гумата. Резервоараот на горивото е посебно заштитен и неможе да се запали и експодира.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK