VW ги затвора фабриките и во Мексико

ОБЈАВЕНО НА:

По Германија, Volkswagen привремено ќе ги затвори своите фабрики и во Мексико. Причината за овој потег е позната и произлегува од пандемијата со коронавирусот.

При тоа затворањето како што соопштуваат од Volkswagen ќе стапи на сила од 30 март и ќе трае до 12 април со можност за продолжување на истото.

Покрај коронавирусот, причина за затворањето е и недостатокот за компоненти и други делови за производството на автомобилите, но исто така сето ова е од превентивен карактер со цел да се спречи ширењето на коронавирусот и во оваа земја од Латинска Америка.

Во Мексико, Volkswagen Групацијата поседува фабрики во градовите Пуебла и Сан Луис Потоси.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK