Дојде крајот за Kia Stinger

ОБЈАВЕНО НА:

На моделот Stinger му дојде крајот – Kia овој спортски автомобил ќе го повлече од понудата, а со тоа ќе означи и крај на производството во текот на следната година.

Овој модел во производство влезе во 2017 година. Се основа на GT Concept, концептен автомобил претставен во Франкфурт во 2011 година како и концептот GT4 Stinger кој три години подоцна беше претставен на саемот во Детроит. Од 2017 година и официјално започна производството во Јужна Кореја, а подоцна и во Русија и Казахстан.

Иако јужнокорејскиот производител очекуваше месечна продажба од околу 1.500 примероци, сепак изминатите години месечната половина не достигнуваше ниту половина од проектираната. Токму тоа е единствената, но и најважна причина за оваа одлука на Kia.

Оваа вест доаѓа откако минатиот месец Kia ја претстави специјалната Sorpio Special Edition на овој модел кој на одредени пазари се продава по цена од 52.585 американски долари. Оваа верзија, како и основната, доаѓа со 2,5 литарски турбо мотор со 300 КС и 422 Nm обртни моменти. При тоа, забрзувањето до стотка изнесува 5,2 секунди.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK