Компанијата Kia Motors се пофали дека го произведе вкупно 3 милионитиот автомобил во Европа и тоа 12 години после пуштањето во работа на фабриката во Жилина во Словачка. Автомобилот кој ќе биде забележан под оваа бројка е Kia Ceed, а моделот е со 5 врати од верзијата GT line и е произведен за клиент од Исланд. Опремен е со 1-литарски T-GDi (турбо бензинец со директно вбризгување).
За минатата година Kia Motors регистрираше производство на вкупно 335.600 автомобили и 539.987 мотори извоз во 80 држави низ светот. Инаку, најпопуларниот мотор за минатата година е 1,7 литарскиот CRDi дизел.
Во Жилина се произведуваат три модели од европската гама на Kia. Се работи за широко популарниот Kia Ceed во верзија на хечбек, комби и со три врати. Вториот модел е Kia Sportage, додека третиот е претставникот на MPV сегметот, Kia Venga.
![](https://24auto.mk/wp-content/uploads/2020/06/viber.png)
Следете не и на:
![](https://24auto.mk/wp-content/uploads/2020/04/facebook-1.png)
![](https://24auto.mk/wp-content/uploads/2020/04/instagram-1.png)