Вработени во Mercedes ќе работат од дома цела година

ОБЈАВЕНО НА:

Американската дивизија на Mercedes соопшти дека вработените во главните канцеларии во Атланта ќе продолжат да работат од дома и во текот на целата следна година.

Германскиот производител уште од средината на март ги испрати своите административни работници во своите домови од каде ги извршуваат работните задачи. Најновото продолжение следи откако состојбата во САД се влоши, а според надлежните крајот на епидемијата воопшто не е на повидок.

“Ние сме способни да функционираме ефективно и да им дадеме на луѓето можност за подобар баланс помеѓу работата и нивниот живот” изјави Николас Спикс, првиот човек на Mercedes-Benz USA.

Тој најави дека ваква одлука ќе биде донесена и за останатите административни центри на Mercedes во САД, а ќе трае се додека не се подобрат здравствените услови.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK