Транспортот со воз уништи возила во вредност од 2 милиони долари (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Најевтин начин да се превезе некоја роба по копнен пат секако е воз, а тоа го користат доста производители. Голема несреќа се случи на пруга во сојузната американска држава Мемфис – воз товарен со возила удри во надвозник.

И ништо проблематично околу ударот, но како што пренесуваат американските медиуми, станува збор за несреќа во која настрадаа бројни автомобили од брендот на Ford чија вредност се пренесува на над 2 милиони американски долари.

Транспортерот изгледа заборавил колку високи можат и треба да бидат вагоните.

Како што може да се види на видеото во продолжение, несреќата настана поради несоодветната висина на вагоните поради што смачкаа возилата лоцирани на второто ниво.

Сега истите возила сигурно ќе се користат за резервни делови. За нови, резервни делови…

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK