Во Финска станува секојдневие: Хелсинки ќе користи автономни автобуси

ОБЈАВЕНО НА:

Откако успешно завршија тестовите, Хелсинки реши да користи автономни автобуси регуларно и во јавен превоз според планиран распоред. Тестирањата биле направени во градовите Еспо и Тампере, а наскоро ќе се врати автобусот во Хелсинки каде истиот ќе се користи за превоз на патници меѓу зоолошката градина и Мустикама островот.

Во тестниот период имало два автономни EasyMile EZ10 електрични минибусови кои се грижеле за патниците на траса долга четврт милја. Автобусот се движел со брзина од 11 км/ч. а имал и возач во внатрешноста во случај на потреба.

Интересно е дека засега Хелсинки не планира да го замени традиционалниот јавен превоз, туку ова би било само решение за „последните километри од јавниот превоз“. Градот потенцира дека автобусите би се користеле за превоз на патниците од регуларните станици до нивните домови. Тоа овозможува намалување на бројот на возила што ќе се движат во градовите.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK