Во 2023 се очекува раст од 5% на новите автомобили во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Здружението на производители на автомобили во Европа (ACEA) објави дека во 2023 година се очекува раст на регистрациите на нови автомобили.

„И покрај многуте неизвесности што претстојат, пазарот треба да почне да закрепнува во 2023 година“, најави Сигрид де Вриј, генерален секретар на ACEA. „Очекуваме околу 9,8 милиони нови автомобили да бидат продадени во регионот оваа година, 5% повеќе отколку во 2022 година.

„Сепак, ова останува 25% под нивото од пред кризата во 2019 година и покажува дека сè уште сме во кревка ситуација. Во овој контекст, уште поважно е индустријата да ја зајакне својата позиција на глобалната сцена“, додаде Де Вриј. .

На почетокот на минатата година ACEA излезе со прогноза за раст на бизнисот од 7,9% до ниво од 10,5 милиони единици, но во октомври ја промени на очекуван пад од 1% до 9,6 милиони единици во однос на 2021 година.

Конечниот резултат за 2022 година беше намалување од 4,6% на ниво од 9.255.930 единици

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK