Samsung со промотивно видео за својот нов автомобил XM3

ОБЈАВЕНО НА:

Малкумина знаат, но Samsung покрај одличните смарт телефони, телевизори и други електрични апарати за домаќинство произведува и автомобили. Производството на автомобилите го спроведува во Јужна Кореја каде во соработка со Renault и ги продава.

Последен модел на овој производител е SUV моделот XM3 за кого претстави и промотивно видео.

Станува збор за возило кое во целост се базира на Renault Arkana. Оттука, дизајнот, технологијата, димензиите и мотористиката е идентична како и кај овој модел со кој францускиот производител ќе атакува на рускиот пазар.

XM3 е веќе достапен за продажба на купувачите во Јужна Кореја. Цената изнесува 13.650 евра за основно ниво на опременост опремен со 1,6 литарски бензински мотор со 123 КС.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK