Електричните VW возила ќе чинат колку дизелските варијанти

ОБЈАВЕНО НА:

Автономното возење и слабо развиената инфраструктура за полнење не се единствените пречки пред масовното навлегување на електромобилите на пазарот. Клучниот проблем останува нивната висока цена. Од Volkswagen сметаат дека ќе успеат да предложат на пазарот автомобили на струја „за милиони, а не за милионери“.

На сајтот Green Car Reports стои информација која вели дека за време на конференцијата посветена на модулните електрични платформи на концернот, членот на бордот на директори со ресорот електрична мобилност, Томас Улбрих зборувал за прогнозите за цени на идните електрични возила од Volkswagen. Според менаџерот тие ќе „чинат колку дизел автомобилите“.

Прегледот на образувањето на цената на Volkswagen покажува дека разликата меѓу бензинците и дизел модификациите на едни и исти модели зависат од сегментот. Во компактната класа таа достига 25 проценти, но колку автомобилот е позициониран погоре во хиерархијата на понудата толку повеќе се намалува. Дизеловиот Touareg, на пример, чини около 17% повеќе от бензинецот.

Според Томас Улбрих нема начин како електромобилите да се нудат поевтино. Не станува збор за адаптирање на моделите за работа на струја туку за целосно нови модели.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK