В година 20 трки, но без Германија

ОБЈАВЕНО НА:

Светскиот мотор совет на ФИА го објави конечниот календар на трки за 2017 година за Формула 1, каде се вклучени 20 трки.
Од провизорниот календар сега ја нема трката Германија, што беше за очекување со оглед на несогласувањата на промотерот на трката околу висината на котизацијата што требаше да се плати.
Единствените промени се на трките во Малезија и во Сингапур.
Неизвесни се и трките во Бразил и Канада, за кои дополнително ќе се донесе одлука, иако засега ги има во календарот.

Календар на трки за 2017

26 МАРТ – АВСТРАЛИЈА
9 АПРИЛ – КИНА
16 АПРИЛ – БАХРЕИН
30 АПРИЛ – РУСИЈА
14 МАЈ – ШПАНИЈА
28 МАЈ – МОНАКО
11 ЈУНИ – КАНАДА
25 ЈУНИ – АЗЕРБЕЈЏАН
9 ЈУЛИ – АВСТРИЈА
16 ЈУЛИ – ВЕЛИКА БРИТАНИЈА
30 ЈУЛИ – УНГАРИЈА
27 АВГУСТ – БЕЛГИЈА
3 СЕПТЕМВРИ – ИТАЛИЈА
17 СЕПТЕМВРИ – СИНГАПУР
1 ОКТОМВРИ – МАЛЕЗИЈА
8 ОКТОМВРИ – ЈАПОНИЈА
22 ОКТОМВРИ – САД
29 ОКТОМВРИ – МЕКСИКО
12 НОЕМВРИ – БРАЗИЛ
26 НОЕМВРИ – АБУ ДАБИ

Следете не и на:

24AUTO NETWORK