Veloster останува во понудата на Hyundai

ОБЈАВЕНО НА:

Hyundai ги демантираше гласините кои се појавија во неколку влијателни медиуми од авто-мото светот. Моделот Veloster и понатаму ќе остане дел од американската понуда на Hyundai.

Сепак, јужнокорејскиот производител потврди дека вторатa генерација на овој модел чија премиера беше одржана во Детроит во 2018 година, во САД ќе биде понуден само со едно ниво на опременост и помал избор на мотори.

Причините за овие шпекулации произлегуваат од континуираниот пад на продажбаа на овој модел во САД. Од 2016 година кога беа продадени 30.053 примероци, па до денес во континуитет се намалува заинтересираноста за овој спортски модел. Тоа се гледа и по минатогодишната продажба кога беа продадени само 7.5591 примерок.

Инаку во моментов најевтината верзија на Veloster во САД се продава по цена од 19.905 долари. Достапен е со четири нивоа на опременост и тоа Premium, Turbo R-Spec, Turbo и Veloster N и со неколку верзии на 2,0 литарскиот мотор.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK