BMW и Mini со проблеми со воздушните перничиња

ОБЈАВЕНО НА:

Неодреден број на возила од моделите 1, 5, 7, М5 и Mini Countryman ќе мораат да одат на дополнителен сервис за да се отстрани дефектот со воздушното перниче што е откриен. Се работи за модели што се произведени во периодот од 8 јули 2016 година, па се до 17 октомври 2017 година.

“Единицата за вклучување на воздушното перниче може да се оддели од надувувачот и да влезе во внатрешноста на возилото кога воздушното перниче ќе се активира. Како резултат на тоа, надувувањето на воздушното перниче може да се намали или да не постои, со што се зголемува ризикот од повреда во случај на несреќа“, се вели во објаснувањето за повикувањето на сервис.

Земјата на производство на возилата е Германија, а засега е познато дека вакви модели има на пазарите во Хрватска, Полска, Шведска и Словенија.

BMW recall code: 0072140200, 0072150200, 0072160200, 0072170200
Affected models: Series 1, 5, 7, M5, Mini Countryman
Vehicle numbers (worldwide): n/a

Source: Rapex Alert 18/2021 A12/00609/21

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK