PSA-Dongfend: ќе се затвораат две фабрики и пола работници ќе добиjат отказ

ОБЈАВЕНО НА:

PSA Групацијата и Dongfeng Motor донесоа заедничка одлука за скратување на производствените капацитети на заедничката компанија во Кина.

Според договорот во наредниот период Dongfeng Peugeot Citroen Automobiles (DPCA) компанијата ќе затвори две фабрики во Кина, а со самото тоа ќе отпушти и околу 4 илјади работници.

“Работиме со нашите партнери за да ги подобриме нашите севкупни перформанси во Кина во поглед на сите димензии” изјави портпаролот на PSA Групацијата кој ја потврди информацијата околу затворањето на фабриките.

Оваа компанија бележи слаби продажни перформанси во Кина, а дали ова ќе значи подготовка за повлекување од кинескиот пазар сеуште е рано да се каже иако портпаролот ги демантираше тие шпекулации.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK