Toyota со нов модел во европската понуда

ОБЈАВЕНО НА:

Toyota ја збогатува европската понуда на возила со нов SUV модел. Станува збор за моделот Highlander кој отсега е достапен и во Европа.

Четвртата генерација на овој модел се појави минатата година и по речиси една година Toyota донесе одлука со која ги израдува љубителите на SUV возилата, особено оние на Toyota.

Овој модел на европскиот пазар е достапен само во хибридна верзија , а се позиционира над Land Cruiser кој беше најголемиот SUV во понудата и еден од трите SUV модели покрај RAV4 и C-HR.

Овој модел кој на одредени пазари е познат и под називот Kluger, во понудата на јапонскиот прозиводител за прв пат се појави во 2000 година. Најголемиот дел од моделите од досегашните три генерации се продадени во Азија, Австралија и САД, а сега од Toyota очекуваат дека овој модел ќе оствари значителна продажба и во Европа.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK