Метан може да се полни и во Гевгелија – наскоро и во Битола

ОБЈАВЕНО НА:

Метанот станува погоснко гориво што во иднина би требало уште повеќе да се користи во Македонија, а Макпетрол понуди на уште една бензинска станица можност за полнење на ова гориво.

Од денеска, на бензинската станица Гевгелија, непосредно по граничниот премин со Грција, потрошувачите ќе можат да наполнат метанско гориво во своите возила.

Компанијата веќе располага со четири постројки за полнење метан, лоцирани на бензинските станици Влае, Партизанска, Чојлија и Куманово, а оваа, во Гевгелија е петта во мрежата на бензински станици која на потрошувачите им овозможува да го користат метанското гориво.

Исто така, од 1-ви август оваа година, метанското гориво ќе биде достапно и на бензинската станица во Битола лоцирана на магистралниот патот кон Грција.

Една од примарните цели на работењето на Макпетрол АД е континуирано и сигурно снабдување на потрошувачите со нафтени деривати, биогорива и гас со врвен квалитет според највисоките европски и меѓународни стандарди.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK