(Видео): Џиролами и Аскона возат “браник со браник“ во последниот круг на Монца

Франко Џиролами првпат триумфираше во TCR Europe што беше и прва радост за македонскиот тим на PSS Racing. На Монца во квалификациите најбрз беше Џиролами, од пол позицијата тргна одлично и се беше добро до последниот круг.

Откако во еден свиок Џиролами влезе доста пшироко и за момент излета од патеката, тоа беше повод Аскона да му дојде зад возилото и во последниот круг да возат еден покрај друг, да има и контакт но возачот на PSS Racing не попушти, одлично возеше и на целта стигна како првопласиран за голема радост во боксот на PSS Racing,

Во генерален пласман Џиролами дојде на 26 бода зад Аскона кој е лидер, на три трки до крај на шампионатот. Аскона има 355 бода, а Џиролами 329 бода. Меѓу нив двајца ќе се решава кој ќе биде шампион сезонава.