Титулата „Најдобар автомобил“ заврши кај Alfa Romeo Giulia

ОБЈАВЕНО НА:

Списанието „Auto motor und sport“ од Германија го одликуваше автомобилот Alfa Romeo Giulia за „Најдобар автомобил“ за 2021 година во категоријата „автомобил со средни димензии“.

Тоа е четвртата титула за брендот во последните пет години. За италијанскиот спортски седан на Alfa Romeo гласале повеќе од 101.000 читатели кои треба да го изберат својот фаворит меѓу 378 автомобили поделени во 11 категории и претставени на германскиот пазар.

Четвртата победа на Alfa Romeo Giulia за последните пет години на „Наградите за најдобри автомобили“ служи како дополнителен доказ за развојот на брендот и непоколебливиот ентузијазам меѓу автомобилските фанови во Германија.

Alfa Romeo се автомобилите, кои 110 години смело ги преминуваат патиштата без разлика дали се на тркачка патека или по градските уливи, пленат со шармантни форми и бои и нè тераат да воздивнуваме со копнеж, да ја доживееме вистинската емоција од возењето.

Alfa Romeo Giulia повеќе од 60 години ги воодушевува фановите со излегувањето на секој нов модел – секогаш со неодолив дизајн, технологии во чекор со времето и носејќи го духот и наследството на брендот сите овие години.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK