За крај на една ера – Mitsubishi произведе 800. теренци Pаjеrо

ОБЈАВЕНО НА:

Mitsubishi Pаjеrо e еден од најпознатите теренци во светот и може да се пофали со над 3,2 милиони продажби од 1979 година, кога првата генерација влезе во производство.

Новоста за прекинот на производство не е тајна, но од компанијата уште немаат објавено кога точно ќе се слчи тоа.

Од брендот веќе ја соопштија веста и последните 800 проиводствени бројки ќе бидат продадени во Австралија.

Pаjеrо Finаl Еditiоn e лимитирaнa ceрија на теренецот кај која едвај се забележливи разликите со стандардните модели.

Нивоата на опремување се идентични со оние кај стандардните модели, додека под хаубата може да се најде понатиот 3.2-дизел мотор на брендот.

Тој располага со моќност од 192 коњски сили и максимален вртежен момент од 441 њутн метри, кои се пренесуваат на четирите тркала, со посредство на автоматски менувач со пет брзини.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK