SEAT го покажа првиот електромобил

ОБЈАВЕНО НА:

Од SEAT беа објавени фотографии на првиот електромобил, а се работи за предсерискиот прототип el-Born, кој е во сродство со I.D. семејството на Volkswagen. Дизајнот на el-Born имал влијание од хибридниот кросовер Cupra – Formentor, кој беше претставен пред извесно време.

Се смета дека најблизу до сериската верзија на електромобилот е внатрешноста, која исто така демонстрира многу слични карактеристики и решенија од Formentor.

Електромобилот на SEAT е изграден на модулна платформа на VW MEB, која компанијата ја користи кај сите прототипови од серијата I.D. Шпанскиот модел има можност со едно полнење да помине 500 километри, а моќноста на електромоторот е 204 коњски сили. Батеријата на el-Born е со капацитет од 62 киловат часови.

SEAT ќе го покаже El-Born за време на саемот во Женева.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK