Tesla доби дозвола – започнува производството во Кина

ОБЈАВЕНО НА:

Министерството за индустрија и информациони технологии на Кина ги издаде потребните дозволи за американскиот технолошки гигант започне со производство на автомобили во Кина.

Во моментов Tesla работи на изградба на својата прва фабрика во Азија која е лоцирана во близина на Шангај. Според претходно објавениот план, во оваа фабрика ќе се произведува моделот 3, а неделниот капацитет е проценет на речиси 1.000 единици.

Во меѓувреме, кинеските власти објавија и дека му доделуваат субвенции на Tesla во вид на ослободување од 10% данок на продажба на автомобили.

Фабриката се очекува да биде готова до крајот на следната година кога се очекува да излезат и првите теслини автомобили со назнаката “Made in China”.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK