Го фатиле со близу 200 км/ч. – бил младоженец и доцнел на својата свадба!

ОБЈАВЕНО НА:

Оправдувањата за пребрзо возење се нешто што секојдневно го слушаат полицајците, а веројатно секој од нив може да направи колекција од смешни и лажни. Меѓутоа, патролата на полицијата во Вилтшир слушнала прилично интересно објаснување, кое се покажало како точно.

Млад човек во BMW М4 бил фатен на автопат со брзина од 121 милји на час (околу 193 километри на час). По кратката потера со полицијата и одбивањето на возачот да застане, полицајците биле принудени да прибегнат кон посериозни мерки за запирање и употребиле шила за да ги дупнат гумите.

Во оваа конфигурација, BMW M4 го придвижува 3,0-литарски бензински шестцилиндричен во комбинација со рачен или автоматски менувач и моќност од 431 коњски сили.

Овој маневар се покажа корисен и брзиот автомобил излетал од патот. Полицијата во соопштение на Твитер соопшти дека мажот доцнел на сопствената свадба и со тоа го оправда пребрзото возење.

Полицајците се шегуваат дека обично доцнат невестите. Човекот треба да се појави на суд за да ја добие казната, а на сивиот М4 му се одземени броевите и бил конфискуван од властите.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK