Совети за безбедно возење: Зошто е важно да користите летни гуми?

ОБЈАВЕНО НА:

Во овие исклучителни времиња, кога температурата е неверојатно висока, гумите за вашиот автомобил можат да изгледаат како мала грижа. Може да ви се чини дека употребата на зимски гуми ова лето е полесната варијатна отколку да ги смените со летни.

Сепак, треба да имате предвид дека летните гуми сè уште се важен дел од патната безбедност, дури и после глобалната пандемија летните гуми во добра состојба значително ќе ја зголема шанста за да возите побезбедно на летните патишта. Затоа не е лошо да погледнете што се тркала под вашиот автомобил.

Добро е да се знаат следнитепричини поради кои не е добро да ги занемарувате гумите и во текот на ова лето.

  • Летните гуми запираат побрзо на влажно

Модерните зимски гуми се дизајнирани да се однесуваат добро на снег, мраз и лапавица и умерено на дожд, но кога станува збор за улици натопени со дожд во текот на летото, летните гуми се далеку подобри. Разликата во растојанието за запирање меѓу потрошена зимска гума и летна гума во добра состојба на влажна површина е над 12 метри при брзина од 80 км/ч. Тоа е должината на повеќе од два автомобили и е од големо значење кога запирате нагло за да избегнете удар во пречка на патот.

  • Летните гуми спречуваат аквапланинг

Аквапланингот е опасен феномен, при кој гумата го губи конткатот со површината на патот кога коглемо количество на вода застанува меѓу површината и шарата на гумата. Резултатот е неконтролирано лизгање, при што возачот не може да направи многу освен да се надева на добар развој на настаните.
Зимските гуми се одлични за аквапланинг при кашеста вода, што е различен феномен, но не можат да се споредат со летните кога ќе завршат во огромно количество на вода. Додека летната гума може да издржи брзина и над 80 км/ч на влажен пат пред автомобилот да се најде во состојба на аквапланинг, потрошената зимска гума ќе излезе надвор од контрола при брзина од околу 60 км/ч.

  • Летните гуми го прават возењето поудобно и прецизно

И покрај тоа што можат да изгледаат многу слични на прв поглед, летните и зимските гуми се фундаментално различни. Кај зимските гуми, сè од дизајнот на шарата до помеката каучукова смеса, е дизајнирано за да го направи возењето побезбедно во студено време. Тие не само што не работат добро во текот на летото, туку и топлиот под ќе ги натера да се потрошат побрзо и да ги загубат своите безбедносни својства побрзо за следната зимска сезона.

Летните гуми од друга страна се развиени за да обезбедат безбедност и удобност при возење во текот на летото. Топлите градски улици и жешки автопати, кои се штетни за зимските гуми се ‘природна средина’ за летните гуми. Тие ќе овозможат лесно возење со прецизно управување и брза реакција при движењето на воланот. Тоа го парви возењето не само поудобно, туку и побезбедно во ситуации во кои е потребно да се направат остри маневри за да се избегне нешто на патот.

  • Состојба и квалитет на гумата се важни фактори за безбедност

„Кога станува збор за смена на гумите, поставувањето на што било под автомобилот не гарантира побезбедно возење. Пред да се стават летни гуми е важно да се провери нивната состојба. Доколку има длабочина на протекторот помала од 4 милиметри ќе биде разумно да се размисли за купување на нов комплет, со оглед на тоа што гумите кои се имаат не зе безбедни на влажна површина. Проверката дали гумите имаат еднакво ниво на потрошеност, а исто така и за дупки и процепи е важно да се направи пред возење, а треба да се знае да не се користи продуктот кој изгледа со проблеми. Исто така гумите не треба да се користат, ако се над 10 години, или доколку не се користени за период од повеќе од шест години“, вели Дражик.

Кога се купува квалитетна летна гума за летото и првокласна зимска гума за зимските месеци ќе се добие оптимална безбедност за релативно долг временски период.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK