Признал дека направил сообраќајка, но пред 30 години

ОБЈАВЕНО НА:

Сообраќајна несреќа предизвикана во 1985 или 1986 година дури сега доживува своја разврска со оглед на тоа што виновникот за истата одлучи 30 години подоцна да признае што направил. Анонимен маж поради грижа на совеста одлучил да испрати писмо до полицијата во кое се извинува за предизвиканата сообраќајка, а воедно во писмото ставил и 1000 долари за обештетување на оштетениот.

Несреќата се случила во местото Сент Пол во Минесота, а полицијата не е сигурна дали ќе успее да го пронајде човекот на кој треба да му ги достави парите. Сепак, постои друга можност, а таа е парите да бидат ставени во добротворен полициски фонд.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK